Запознајте го Давид


Давид е Mакедонец по потекло, роден во Франција и образуван на универзитетот во Сорбона. По завршувањето на студиите, одлучува да се врати во Македонија и да развие нова дејност од областа на економијата на социјално споделување (sharing economy).

gvglive.mk – Што е avtostop.mk?

Давид –  Avtostop.mk е бесплатна веб платформа која овозможува споделување на превоз помеѓу луѓе кои патуваат од точка А до точка Б и имаат слободни места во својот автомобил, и луѓе кои сакаат да стигнат од точка А до точка Б, но немаат превоз. Примарна, моментална цел е да се поделат трошоците за патувањето како гориво и патарина, а секундарна, долгорочна цел е да се развие нов економичен начин на превоз во земјава.

gvglive.mk – Како до идејата  avtostop.mk?

Давид –  Мислам дека се започна едно лето кога сакавме да одиме со другарите за Грција, а тогаш немав автомобил. Гледајќи фотографии објавени на Facebook од страна на моите пријатели, забележав дека нивните автомобили се полупразни, т.е. одат двајца, а има место за четворица. Сфатив дека не сум единствениот што се наоѓа во ова ситуација и почнав да размислувам за оптимално решение за проблемот, при што интернетот игра голема улога.

Истовремено, за време на моите студии во Франција, каде што системот за споделување превоз е доста развиен, многу често патував на овој начин.

Економично е, брзо, времето е пофлексибилно од патување со воз/автобус, а и многу поудобно!

gvglive.mk – Како функционира  avtostop.mk?

Давид –  Се креира корисничка сметка преку Facebook профил или пак корисникот се регистрира со e-mail адреса и име. Има две главни функции, пребарување на слободни места до одредена дестинација, или пак објавување на превоз до одредена дестинација и слободни места за патувањето.

За да се објави превоз, корисникот треба да каже од каде поаѓа и каде оди, датум и време на поаѓање. Платформата има алгоритам кој пресметува препорачана цена по патник, базирано на километража, гориво и патарини. Целта да се создаде вистинско споделување на превоз, односно возачот да не профитира од патувањето, цената да е пониска од традиционалните начини на превоз и да е атрактивна за тие што сакаат да патуваат.

Возачот, кој секако планира да оди некаде, ги споделува трошоците со патинците, кои секако би платиле билет за автобус/воз за да стигнат до саканата дестинација.

gvglive.mk – Дали е сигурно?

Давид –  Целта на платформата е да им овозможи на корисниците зголемена доверба при патувањето со непознати луѓе, поради тоа бараме корисниците при објавување на патување или резервирање на место за некое патување, да го внесат својот телефонски број. Валидноста со бројот се потврдува со уникатен смс код кој мора да биде внесен на платформата.

Доколку корисникот се регистрира преку Facebook, неговата слика, како и личните податоци се прикажуваат на платформата.

 Силно препорачуваме оценување и оставање коментари за корисниците со кои имате споделено патување. Така во иднина луѓето ќе можат да го видат рејтингот и коментарите во врска со некоја личност, пред да се договорат да споделат превоз.

 gvglive.mk –  И за крај, порака до читателите на gvglive.mk.

Давид – За крај сакам да пратам една порака до сите читатели на gvglive.mk и до сите млади луѓе да бидат упорни, ако имаат било каква идеа да направат чекор и да ја реализираат истата, ако дневно на тоа работете и давате секојдневен труд многу полесно ќе ја реализирате идеата. Ги поздравувам сите читатели на gvglive.mk и се надевам дека ке ви се допадне avtostop.mk и ќе ви биде одкорист (Давид често патува преку avtostop.mk)

 

 

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Во Гевгелија, бројот на деца со говорна мана е сè поголем, не постои најдобро време за почнување со терапија

РАЗГОВОР СО АНЕТА КАРАПЕЕВА, СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЛОГОПЕД: Во Македонија, речиси една третина од децата на возраст …