Започна детскиот фестивал Калинка


Под покровителство на Општина Гевгелија од 15 до 17 октомври ќе се одржи јубилејниот 20 по ред фестивал за детски песни „Калинка“. На фестивалот што ќе се одржи во Гевгелија, ќе бидат изведени 14 нови песни за деца од реномирани автори што ќе ги пејат деца од Македонија, Србија и Бугарија.

Песните во кои ќе се пее за првата љубов и сите работи што го прават детството најубавиот дел од животот на еден човек,од денеска на пладне до петок ќе се исполнуваат за учениците и дечињата од градинките во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Организаторите информираа дека финалниот концерт во кој песните ќе конкурираат за престижните награди на јубилејниот фестивал, ќе се одржи во сабота на 17. октомври со почеток во 20 часот во салата на Народниот театар во Гевгелија.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …