Засилена контрола поради уништување на урбаната опрема


Во последно време, во вечерните часови во одредени делови на градот, како што се парковите на ООУ„Владо Кантарџиев“, дворот на централната детска градинка, пред Водната заедница, се забележува присуство на малолетници и млади лица, кои предизвикуваат оштетувања на урбаната опрема.

Затоа потвртдуваат искршените клупи, канти за отпадоци, расфрлените шишиња од алкохолни пијалоци и слично. Затоа и на последниот Стручен колегиум на општина Гевгелија беше побарана засилена контрола на инспекциските служби и службата за обезбедување. Пред се, на присуството на малолетници во доцните вечерни часови и воопшто загрозувањето на јавните површини што го предизвикуваат. Исто така, е побарано заради сериозноста на појавата да се свика Локалниот совет за превенција и за истата да се поведе расправа.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …