Фолклорната секција од Богородица која работи во состав на Културно уметничкото друштво “Негорци” од Негорци, денеска заминува на турнеја во Република Српска.
Од 19 до 22 јуни тие ќе учествуваат на два фестивала во Бистрица, општина Бања Лука и Веричи, општина Приједор. Таму ќе се претстават на публиката со повеќе игри од повеќе краеви на Македонија.
Се работи за продолжување на соработката која ова друштво ја оствари минатата година кога фолклорни ансамбли од овие две општини зедоа учество на празникот на населеното место Богородица.