Изградбата на новиот водоснабдителен систем во Гевгелија се одвива според планот.
Ова беше констатирано при вчерашната посета на ревизорот од Романија, претставник на ЕУ која додели грант за реализација на проектот, како и претставниците на МСИП проектот преку кој е обезбеден заем од Светска банка за имплементацијата на проектот „Подобрувањето на системот за водоснабдување во Гевгелија”. При увидот на теренот беше констатирано дека градбата на резервоарот, потисниот и доводниот цевковод, се одвиваат според динамичкиот план. Посебно внимание ревизорите посветија на заштитата на животната средина, како и заштитата на здравјето на работниците ангажирани на терен во овие жешки јулски денови. Инаку, во моментот на вопдоснабдителниот систем се работи на поставување на хидроизолација на изградениот дел од разервоарот и армирање на повисоките делови од разервоарот, чиј капацитет е проектиран на 1000 м3 вода. Во состав на бунарскиот систем ќе биде изградена хлорна станица,од која водата ќе се транспортира до резервоарот преку потисниот цевковод со должина од 1.366 метри, а поврзувањето на резервоарот со постоечкиот цевковод ќе биде извршено со изградба на нов доводоен цевковод со должина од 2.186 метри. Вкупната инвестициска вредност на проектот, кој ќе обезбеди долгорочно и квалитетно водоснабдување на Гевгелија, изнесува повеќе од 105 милиони денари од кои најголемиот дел се средства обезбедени од Светска банка, а останатите од грант од ЕУ за подобрување на руралната инфраструктура и од буџетот на Република Македонија. Водоснабдителниот систем треба да биде готов до ноемрви годинава, кој рок според изведувачот – бигарската фирма „Хидрострој“ ќе биде запазен.