Под покровителство на билиотеката „Гоце Делчев” од Гевгелија, излезе од печат збирката „Метрички карван” во која традиционално се застапени поети од Гевгелија и други градови. Најновото, 4-то издание претставува компилација на творби од 12 поети од градот-домаќин и Битола.
Во освртот кон збирката, рецензентот Ефтим Клетников посочува дека станува збор за т.н. лирска гозба со 24 поетски јадења зготвени со посебен поетски рецепт.
Збирката „Метрички карван” во 2014 година беше публикувана со избрана поезија на поети од Кавадарци, во 2015 година со поети од Струмица,, минатата година со поети од Велес, а годинава заедничкото издание е на поети од Гевгелија и Битола.
Уредници на збирките „Метрички карван” се Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров.
Извор: Општина Гевгелија