Изложба на детски цртежи


По повод денот на пролетта, децата од ликовната работилница при Пионерскиот дом во Гевгелија вчера, вторник, 29 март организираа ликовна изложба.

Темата на која цртаа малите ликовни уметници беше пролет а на изложбата присутните  можеа да  видат дела создадени во акварел, темпера и колаж.

Инаку, оваа ликовна работилница започна да функционира од декември месец минатата година, а во моментот во неа членуваат 15 деца  под менторство на ликовниот уметник Мирјана Крстева-Массети.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …