Изложба на Никола Бутров


Во изложбениот салон во хотел „Аполонија“ во Гевгелија, во петок, на 24 април, во 19,30 часот, Мултимедија центарот од Гевгелија организира изложба на слики во акварелна техника на сликарот Никола Бутров.

Никола Бутров е роден 1939 година во Гевгелија. Завршил Училиште за применета уметност сликарски отсек и Педагошка академија ликовна група во Скопје. Член e на Друштвото на ликовни уметници на Македонија – ДЛУМ од 1977 година. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија – ДЛУГ и претседател на истото од обновувањето во 2006 година до 2009 година.

Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби. Добитник е на повеќе награди и признанија, а лани ја доби и седмоноемвриската награда на град Гевгелија за животно дело. Инаку, Бутров припаѓа на она што академик Старделов ќе го нарече гевгелиска ликовна школа на која припаѓаат делата на Ѓеорѓи Хаџи Николов-Гисник и Зафир Хаџимитров, па преку сликарите од средната генерација се до најмладите ликовни уметници.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …