Третиот, последниот ден од традиционалната културна манифестација “Спасовден” беше резервиран за изложба на фотографии насловена “Урбани Пејсажи: 4 X 4 (или: Градот низ објективот на четворица современи автори од Гевгелија)”, со која се заокружи програмата и манифестацијата по повод Св.Спас, патрониот празник на градот.
Посетителите имаа можност да проследат селекција на фотографии од четворица млади автори од Гевгелија, секој со по 4 дела. Фотографијата како медиум и како висока уметност, веќе оддамна е влезена во галериите и музеите низ целиот свет. И оваа изложба е еден вид на најава на еден циклус изложби на уметнички фотографии од современи автори од републиката и од регионот, Четири визии..четири различни погледи и нарации на градот во кој живеат и кој го живеат, ни презентираа авторите чии дела сме имале можност да ги видиме по социјалните мрежи, како и на неколку групни изложби..Тоа се: Иван Кал’чев, – Димитар Мијов, Гоце Тасевски и Георги Вацев
Домот има во план да реализира уште 6 изложби на уметничка фотографија до крајот на годината. Следната е веќе кон средината на месец јуни.
Селектор на изложбата беше Иван Кал’чев, куратор, Миле Ничевски а во организацијана Дом на култура -Гевгелија. Покровител беше градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов.