Претседателот на Кинолошкото друштво Кожуф, Мирослав Трајков информираше дека двете меѓунардни изложби на сите видови расни кучиња CACIB Гевгелија 2015 ќе се одржат на 25 и 26 Април 2015 година на терените на Негорски бањи и ќе започнат во периодот од 09.30 – 10.00 часот.
На двете меѓунардни изложби Гевгелија 2015 ќе има реномирани судии од Италија , Србија , Кипар , Бугарија и Македонија а на нив со своите миленици учество ќе земат учесници од Полска , Русија , Чешка , Романија , Канада , Бугарија , Србија , Грција и секако од Македонија. Овој настан е еден од најмасовниот и најпосетуваниот настан во Гевгелија а неколку години со ред и најмасовен и најпосетува кинолошки настана во Р Македонија.