Кожув подобар од Работнички


Кошаркарите на КК Кожув остварија значајна победа во домашното првенство совладувајќи ја екипата на Работнички со 85:73. Иако Работнички имаше подобар почеток и ја доби првата четвртина со 3 поени предност (20:23), Кожув отиде со позитива на полувремето бидејќи одигра подобро во втората четвртина кој ја доби со 22:14. Кожув имаше предност, помала или поголема за време на речиси цело второ полувреме и успеа заслужено да слави над силниот противник од Скопје.

Најефикасен на натпреварот беше Милан Јањушевиќ кој постигна 20 поени, Слободан Дунџерски имаше 14 поени, 5 скокови и 6 асистенции додека Владимир Брчков постигна 13 поени и 7 скокови. Слободан Божовиќ постигна 10 поени и 5 скокови, Златко Гоцевски и Драшко Албијаниќ уфрлија по 9 поени, Ефтим Богоев надополни со 5 поени, Филип Шепа додаде 4 поени и 5 скокови и Миладн Пековиќ постигна 1 поен.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Панкс Бекјард Ултра по трет пат во Гевгелија

На патеката во Негорски Бањи кај Гевгелија во сабота 25 октомври ќе се одржи третата …