Во Гевгелија се одржа Јавна презентација на Стратешката оценка за влијанието на животната средина во врска со проектот Конска брана.
Јавната презентација ја организираа министерствата за животна средина и за земјоделство, како и изработувачот на проектот ГИМ. Со јавната презентација всушност завршуваат подготвителните активности пред реализацијата на проектот за изградба на Конска брана,еден од најзначајните проекти за водоснабдување во општина Гевгелија и во Македонија.
Со изградба на Браната Конско, со висина од 78,5 метри и должина од 331 метар ќе се формира акумулација за задоволување на потребите од вода за наводнување на околу 8000 ha земјоделски површини. Позитивните влијание од реализацијата на сценариото со спроведување на проектот се: обезбедување на квалитетна вода за водоснабдување на населението и намалување на можноста за пренесување на болести преку вода за пиење, обезбедување на вода за наводнување и зголемување на приносот на културите, оплеменување на малите води, развој на туризмот, спортот и рекреацијата.