Во ликовната галерија AMAM во Гевгелија пред своите сограѓани, со своја самостојна изложба се претстави Дамјан Ѓуров. Изложбата е насловена “Лунарно-Соларно” а беа изложени склуптури и графики на овој млад и признат вајар.
Дамјан Ѓуров е роден на 11 март 1979. година во Гевгелија. Средно образование завршува во својот роден град,а ликовна академија завршува во Скопје. Се работи за уметник кој како аматер долго време работел со глината, а бидејќи сметал дека преку овој материјал може својата имагинација да ја претстави во било каков облик.
Ѓуров е автор на споменикот на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, поставен во истоимената општина во Скопје и на скулптурата „Дрво„ поставена на плоштадот Македонија во нашиот главен град.