Во Гевгелија 174 матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија учествуваа на МАТУРСКАТА ПАРАДА, придружувајќи се кон илјадниците матуранти од земјата и европските земји во освојувањето на Гинисовиот рекорд.
Градоначалникот на општината Гевгелија ( г-дин Иван Франгов ) , поздравувајќи ги матурантите, им посака среќно матурирање, успех во натамошното школување и живот да им биде како Штраусовиот танц. И оваа година матурантите од повеќе земји учествувајќи во манифестацијата направија обид за поставување на Гинисиов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места, односно во различни градови. Оттука и атрактивноста на манифестацијата, која се гледаше и во Гевгелија, каде што на градскиот плоштад матурантите го играа својот матурски танц, а бројната публика ги наградуваше со аплаузи.
Во изминатите 14 години од одржувањето на манифестацијата седум пати се поставувани вакви рекорди, а вкупниот број на учеснци е 281.988 матуранти. Новина во последните шест години е давањето изјава за ненасилство на учесниците во сите градови во земјите каде се одржува „Матурската парада“ со што истовремено се испраќа порака за ненасилство и толеранција. Матурантите од општина Гевгелија последните години редовно учествуваат на Матурската парада.