Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука и Федерацијата на училишни спортови изминатиот викенд во Скопје ги организираа традиционалните Мали олимписки игри на кои во различни спортови учествуваа ученици од основните училишта од целата држава.
На овие игри од гевгелиските спортисти најголем успех постигнаа младите кошаркарки од ООУ „Владо Кантарџиев„, кои во силна конкуренција го освоија сребрениот медал.