Нови линии на уличното осветлување, на старите се поставуваат штедливи сијалици


На улицата „Ѓорѓи Сугарев“ во Гевгелија изградена е нова линија на улично осветлување, во должина од 150 метри. Поставени се 7 канделабри, со височина од 4 метри, со што се обезбедува целосно осветлување на улицата.

Во наредниот период нови линии на улично осветлување ќе бидат поставени и на преостанатите помали улици, чиј број е минимален.

Инаку, санирањето и отстранувањето на дефектите на уличното осветлување се вршат редовно. Така, во месеците ноември и декември во 2017 и во јануари 2018 година биле извршени 55 интервенции на мрежата на уличното осветлување во Гевгелија и во сите населени места.

Заради поголема ефикасност при отстранувањето на дефектите поведена е тендерска постапка за дислокација на половината ормари за улично осветлување од трафостаниците на ЕВН, за што се обезбедени буџетски средства. Имено, 42 ормари ќе бидат поставени надвор од трафостаниците со што ќе се обезбеди подобар увид.

Покрај ова, обезбедена е донација за замена на 22 сијалици од 250 вати на улицата од бензинската пумпа „Шимов“ до мотел „Вардар“ со штедливи лед-сијалици на „Филипс“, како и замена на сите сијалични места од 110 вати на влезната улица во Прдејци со „Филипсови“ лед-сијалици, како пилот проект.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …