Објавена продажба на парцели за инвидуални станбени куќи


Општина Гевгелија објави продажба на 10 градежни парцели за индивидуални станбени куќи по пат на електронското јавно наддавање. На продажба е понудено градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, со 9 парцели во станбената населба Караорман, како и една парцела во Гевгелија.

Градежните парцели во станбената населба Караорман се со површина од 335 до 738 м², а почетната цена изнесува 1003 денари. Јавното наддавање ќе се оддржи на 3 декември 2015 година од 10 до 12 часот, додека пак пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk најдоцна до 1 декември 2015 година.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …