Општина Гевгелија ја објави продажбата на 8 дуќани на новото Градско пазариште во Гевгелија. Станува збор за атрактивен деловен простор, со предбележано право на градење, во сопственост на општината, кој ќе биде дел од овиот пазар, чија изградба е во завршна фаза.
Претходно општина Гевгелија по пат на јавно наддавање изврши избор на најповолен изведувач на дуќаните. Дуќаните ќе бидат со 24 метри квадратни, се наоѓаат во приземјето, а се со почетна цена од 1.918.800 денари. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање се доставуваат најдоцна до 04.10.2016 година (вторник) до 16:00 часот, а наддавањето ќе се оддржи на интернет страницата www.e-stvari.com.mk на ден 06.10.2016 година (четврток), и тоа, од 9.30 до 13 часот, односно по половина час за секој дуќан.
За учество во електронското јавно наддавање заинтересираните учесници електронски поднесуваат Пријава, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во Објавата за електронско јавно наддавање. За да може да поднесе Пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.com.mk.
Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем, за него сеуште важат, предходно автоматски доделените корисничко име и лозинка, доделена заради негово учество во предходните постапки и тоа на ниво на целиот систем – се мисли на учество во постапка која ја спроведувала било која општина.
Документите кои се потребни за пријава за електронското јавно наддавање (регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат) се следните:
*Изјава со која ги прифаќа условите дадени во Објавата
*Доказ за банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронската банкарска гаранција за сериозност, треба да се достави и банкарска гаранција за сериозност во оригинал до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на Општина Гевгелија на денот кога се доставува комплетната документација
*Доказ за идендитет
-Тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија за домашни правни лица
-Извод од регистрација од соодветен регистар за странски правни лица
*Е-маил адреса на поднесувачот на Пријавата преку која ќе се врши постапката за регистрирање за учество во електронското јавно наддавање , на која ќе им биде испратенао корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавање.
Пријавата потпишана лично од заинтересираниот учесник на електронското јавно наддавање треба да содржи податоци за генералиите на истиот ( полн назив, точна адреса, кои документи се приложуваат кон пријавата, телефон и е-маил).
Извор: Општина Гевгелија