Одбележување на патрониот празник на СОУ „Јосиф Јосифовски“


СОУ„Јосиф Јосифовски“ во петок, на 27 април 2018 година, ќе го одбележи патрониот празник со повеќе манифестации.

На 27 април во дворот на СОУ„Јосиф Јосифовски“ ќе биде положено цвеќе на бистата на патронот, во 10 часот, а потоа започнуваат спортските активности, кои ќе се одржат во спортската сала. Во спортските активности ќе земат учество и учениците од средното училиште во Инџија, Република Србија, кои ја продолжуваат повеќедецениската соработка и размена на ученици.

Најавената свечена академија за четврток,  26 април, се одлага поради оправдани причини и ќе се одржи во наредната недела, соопштуваат во управата на СОУ„Јосиф Јосифовски“.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …