Средниот општински училишен центар „Јосиф Јосифовски„ со свечена приредба ќе го прослави крајот на учебната 2014/201 година. На приредбата денес, 5 јуни во 20 часот, во Народниот театар пред присутните гости, директорот на училиштето Борче Нечевски, професори, ученици и градоначалникот на општина Гевгелија Иван Франгов, со презентација на најдобрите остварувања кои ги постигнаа учениците, и оваа генерација од ова општинско средно училиште ја продолжува убавата традиција.
Од многуте регионални, републички и меѓународни натпревари, учениците на „Јосиф Јосифовски„ се вратија и оваа измината година со освоени први, втори и трети места.