Општина Гевгелија организира хуманитарна акција за настраданите во поплавените подрачја


Општина Гевгелија преку локалните медиуми во текот на вчерашниот ден ги повика граѓаните и компаниите од општината на одредениот пункт во дворот на ТППЕ Гевгелија  да донираат флаширана вода за пиење и средства за хигиена како првична помош на граѓаните од поплавените подрачја од скопско-тетовскиот регион.

Во текот на денешниот ден, акцијата продолжува и натаму а собраната донација од граѓаните и компаниите со шлепер ќе биде доставена до магацините на Црвениот крст на република Македонија во Момин поток.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …