Општина Гевгелија со два проекти за ИПА-ППС со Бугарија


Општина Гевгелија на најновиот повик за ИПА-ППС меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе учествува со два проекти, одлучи Советот на општина Гевгелија. Со првиот проект „Афирмација на природните и културните вредности во пограничниот регион“ предвидено е уредување на туристичкиот локалитет Динќут, што се наоѓа во непосредна близина на Гевгелија.

Според поднесената апликација општина Гевгелија е водечки партнер во овој проект, додека Агенцијата за економски развој од Банско е проектен партнер. Вториот проект „Волонтери за заштита и борба против шумските пожари и природни катастрофи“ општина Гевгелија ќе го реализира во партнерство со Главната дирекција Безбедност од пожар и заштита на населението“ од Софија, НВО„Противпожарни иницијативи и иновации“ од Благоевград и Регионалниот центар за оддржлив развој од Гевгелија.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …