IF

Општина Гевгелија со три проекти ќе аплицира за ИПА програмата


Општина Гевгелија со три проекти ќе аплицира на последниот повик од ИПА-Програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

Советот на општина Гевгелија на последната седница донесе одлука за одобрување поднесување на предлог – проектот „Одржливо управување на прекуграничните водни ресурси“ за учество на Првиот повик од ИНТЕРРЕГ ИПА – Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2014-2020. Во рамките на проектот предвидена е регулација на дел од коритото на Сува река, а општина Гевгелија учествува како водечки партнер во проектот, додека партнери се ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија, Р.Македонија, општинското претпријатие за Водовод и канализација во Халкидона, општинското претпријатие за Водовод и канализација во  Пеонија и Аристотели Универзитетот – Оддел за хемија, од Р.Грција. Општина Гевгелија ќе аплицира и со проектот  „Проект за валоризација на иновативен тематски туризам“, во проектот, во партнерство со Трговската асоцијација на Гуменџа и Американско земјоделско училиште – Солун од Р.Грција и Мрежа за рурален развој – Скопје од Р.Македонија, како и со проектот „Интегриран систем за рано предупредување за спречување на метеоролошките и сеизмолошките опасности“, кој ќе го реализира во партнерство со Универзитетот Аристотели од Солун, Р.Грција учествува како водечки партнер во проектот, додека партнери се: Управа за хидрометеоролошки работи – Скопје од Р.Македонија, Општина Поликастро, Грција.

 Извор:

90px-Coat_of_arms_of_Gevgelija_Municipality.svg

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …