Отворена изложба „ЕТНО ЗАПИСИ“ на Драги Хаџиниколов


Дваесет и шест дела со мотиви на дамнешни и помалку заборавени предмети што биле нераскинлив дел од македонската куќа и три портрети со ликот на Свети Стефан ја сочинуваат етно приказната на академскиот сликар Драги Хаџи Николов Аџи што љубителите на сликарската уметност од нашиот град  можат да ја погледнат во Ликовниот салон АМАМ а по повод 7 Ноември-Ден на општина Гевгелија.

Пред голем број љубители на ликовната уметност изложбата за отворена ја прогласи академик Бајрам Ганзафер. Тој во своето обраќање истакна дека  Хаџи Николов е уметник со специфичен уметнички ракопис, кој со својата уметност е во  потрага по совршенството на народните умотворби и ракотворби. Уметникот создал творештво во кое го открива нашиот бит како неразлично единство на народно ракотворната сакрална уметност.

Неговото творештво е инспирирано од македонската историја, традиција и култура. Неговите композиции и дела се проткајани со предмети и мотиви од македонското поднебје или македонскиот архитип, со црвенат и црната боја како во песната „Везилка„ на Блаже Конески. На сликите се присутни аванот, ѓумот, тепсијата, бутимот, ќилимот и се тоа проткајано со една добра патина која не враќа во минатото и ни дава добра порака за иднината. Авторот, Драги Хаџи Николов – Аџи дипломирал сликарство на ФЛУ во Скопје. Досега излагал на бројни, самостојни и групни изложби, дома и во странство.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …