Три дена Гевгелија беше во центарот на вниманието на кошаркарската јавност и на сите љубители на кошарката во Македонија. Градот Гевгелија од кој потекнуваат две екипи во кошаркарското елитно друштво, Кожув и Бест, се покажа како одличен домаќин на 24 издание на завршниот турнир од кошаркарскиот куп.
КК Кожув не успеа во полуфиналето да го совлада МЗТ, кој беше„зрел „ за пораз. По одличното прво полувреме, во продолжението поради намалениот процент на реализација а уште повеќе, според познавачите, поради влијанието на судиите кои со некои свои одлуки ги спречија гевгелиските кошаркари да играаат во финалето, со што, на еден спектакуларен начин ќе ставеа круна на овој извонредно организиран турнир за Купот на Македонија.
Финалниот натпревар се одигра синоќа, кога кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го победија градски ривал Карпош Соколи со 68:62 во финалето на 24 издание од Купот на Македонија. Кнежевиќ го доби признанието за најефикасен кошаркар на завршницата од Купот. За најкорисен кошаркар на Купот на Македонија во Гевгелија беше прогласен играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Марко Луковиќ.
*Извор: Општина Гевгелија