Прво место на републички натпревар на детски и младински хорови


Детскиот хор на ООУ„Крсте Мисирков“ и Младинскиот хор на СОУ„Јосиф Јосифовски“ се победници на Републичкиот натпревар на детски и младински хорови во Кавадарци, кој изминатиов викенд се одржа на сцената на кавадаречкиот Дом на култура. Републичкиот натпревар на детски и младински хорови во Кавадарци се одржува од 1966 година, а годинава учествуваа 1000 хористи. Оттука и големиот успех на детскиот хор на ООУ„Крсте Мисирков“ и младинскиот хор на СОУ„Јосиф Јосифовски“, кои ги освоија првите места во силната конкуренција. Инаку, до пред некоја година натпреварот беше биенален, а сега се одржува секоја година во мај.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Средношколци од Гевгелија го освоија врвот на ДМЈЛ со три литературни награди

Средношколката Тијана Атанасова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија освои ПРВА награда на конкурсот за …