Учениците од основните училишта ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Ристо Шуклев“ со огромно задоволство го најавуваат новогодишниот концерт на француска музика. Концертот ќе се одржи во големата сала на Народниот театар денес, 27 декември 2017(Среда), со почеток од 19 часот. На овој концерт, за кој што наставникот Елена Шаренкова посакува да прерасне во традиција, ќе бидат изведени познати изведби и кореографии на модерни француски песни, како и преработки на светски познати хитови, како La vie en rose, On écrit sur les murs, Le bonheur, Tourner dans le vide….
Ликовната работилница при Пионерскиот Дом Гевгелија по повод новогодишните празници од 28 декември 2017 година до 4 јануари 2018 година организира изложба „Зимски приказни“. На изложбата која ќе биде отворена во четврток,28 декември во 18 часот во Пионерскиот дом, посетителите ќе може да видат дела изработени во повеќе техники, како акварел,гваш,темпера,колаж, од малите гевгеличани кои ја посетуваат детската ликовна работилница која работи при Пионерскиот дом под раководство на уметникот Мирјана Крстева Массети. Драмската група „Дон Кихот” на 28 декември 2017 (четврток), во Народниот театар ќе ја претстави комедијата „Кројач за дами” + музички и хип хоп настап ,од Ж. Фејдо во режија на проф. Даниела Џишева и сценографија- проф. Александар Јанев. Актерска екипа: Илија Влахов, Проше Митовски, Димитар Бучков, Надја Олумчева, Кристина Митреска, Ивана Колчева, Сања Атанасова, Александар Стефанов и Симона Трајанова. Почеток на претставата е во 19 часот, влезот е 50 денари , а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Извор: Општина Гевгелија