Презентација на програмите на ЕУ


Во Гевгелија се одржа годишниот координативен состанок  на Информативниот центар на ЕУ, ЕУ инфо точките во земјата, на кој присуствуваа претставници на ЕУ инфо точките, на Делегацијата на ЕУ, повеќе државни установи и невладини организации.

На средбата свое обраќање имаше шефот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје Мартин Клауке кој направи краток преглед на актуелната состојба. Осврнувајќи се притоа на активностите на Делегацијата на ЕУ во земјата, бегалската криза и предизвиците што ги донесе, како и потпишаниот договор меѓу ЕУ и Турција, кој започнува да се реализира од 4 април.

На средбата, исто така, беа презентирани повеќе програми на ЕУ, како што се програмата КОСМЕ, Програмата за прекугранична соработка и ИПАРД програмата, кои ниудат можности за реализација на повеќе проекти. Вториот ден од работата на состанокот стана збор за идните активности на ЕУ инфо точки и Информативниот центар, пред се, планираните активности за Културни приказни, презентациите за помошта на ЕУ, Отворени врати за студентите, наградата „Жан Моне“ и други. Исто така, се расправаше и за претстојното одбележување на Денот на Европа.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …