Премиерот Никола Груевски денес со богата работна агенда престојуваше во општина Гевгелија. Најнапред присуствуваше на пуштање во употреба на фабрика за текстил – Дока текстил, во село Миравци, општина Гевгелија. Може слободно да кажам, рече тој, дека мисијата е успешна.
Фабриката денеска има нов сопственик извршена е целосна реконструкција, купени се многу нови машини и првите 70 луѓе веќе работат во новата фабрика. Исклучиво ми е драго што сопственикот го користи проектот на Владата „Македонија вработува“ и дел од новите вработувања се токму преку овој проект.
Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов истакна дека десетина години се залагале овој објект повторно да стане фабрка и да се вработат работници. Нагласи дека објектот првично бил изграден во 80-тите годините од минатиот век и во него работеле 300 работници, а во 2004 објектот бил напуштен и оставен на забот на времето.
Потоа премиерот Груевски со соработниците оствари увид во градежните активности за изградба на спортска сала во село Миравци која е во завршна фаза а на крајот го посети реконструираниот објект на СОУ „Јосиф Јосифовски“, а како успешен пример како може со заштедени сопствени средства да се направи енергетско ефикасен објект.