Придобивки од обновливи извори на енергија


Во Благоевград, Бугарија се одржа финалната конференција во рамки на проектот „Промовирање на децентрализирано производство на енергија од обновливи извори на енергија (EnerGAIN)“. На конференцијата присуствуваа претставници на МСП кои работат во областа на ОИЕ и ЕЕ, невладини организации за поддршка на бизнисот и бизнис кластери, стопански комори, агенции за регионален развој, образовни институции и локални и регионални власти од Бугарија и од Македонија.

Во рамките на настанот беа презентирани резултатите од спроведувањето на проектот, кој во текот на целиот период на имплементација служеше како платформа за размена на искуства, знаење и споделување на добрите практики во областа на обновливите извори на енергија и презентирање на придобивките од истата. Проектотсе имплементира од Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија и Сојуз на  производители на еколошка енергија – БГ од Благоевград, Бугарија, со финансиска поддршка од ЕУ преку Интеррег – ИПА програмата за прекугранична соработка – Бугарија.

Во текот на конференцијата беа истакнати успешни реализирани проекти за изградба на децентрализирани енергетски системи во Бугарија, разни можности за искористување и финансирање на проекти од обновливи извори во Бугарија. Учесниците беа запознаени со суштината и принципите на дејствување на практичен интелигентен ЛЕД, уличен, индустриски и тунелски систем за контрола на осветлување. Во рамките на настанот беа презентирани енергетски независни модели на куќи, изработени во рамките на проектот, обезбедени за слободна употреба за образовни и демонстрациски цели.

Како дел од програмата беа прикажани кратки едукативни и информативни видео клипови за различните видови на обновливи извори на енергија и нивна примена за различни цели.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …