Денот на општина Гевгелија – 7 ноември ќе биде одбележан со богата програма, која започнува на 3 ноември (петок) со традиционалната фолклорна манифестација ФОЛКЛОРЕН ЃЕРДАН, што ја организира Пионерскиот дом во Народниот театар со почеток од 20 часот.
Наредниот ден, на 4 ноември (сабота) во Ликовната галерија „АМАМ„, со почеток во 20 часот ќе биде отворена Изложба на Друштвото на ликовните уметници од Гевгелија.
Во пресрет на празникот, на 6 ноември во 19 часот, во хотелот „Аполонија„ ќе биде промовирана книгата Митот и стварноста на русалиите од Даниела Џишева.
На самиот Ден на општина Гевгелија – 7 Номеври во 11 часот ќе се полага цвеќе на спомен обележјата во Гевгелија.
Извор: Општина Гевгелија