Промовирана книгата поезија „круг полу круг„ на Игор Крајчев


Јавната општинска установа Библиотека “Гоце Делчев”  на 24 март, организираше промоција на книгата поезија на велешкиот писател Игор Крајчев со наслов Круг полу Круг.

Промотор на оваа книга беше професор, др. Златко Жоглев, а музичката поддршка несебично ја дадоа Иле Атанасов и Боби Ѓошиќ. Крајчев, кој е актуелен директор на велешката библиотека, првиот роман “Воини и херои” го пишува под влијание на  Епската фантастика , која е посебен литературен жанр, дел од многу популарната фантастика, која генерално се објаснува со терминот фикција (или измислено).

За разлика од другите форми на фантастиката – научната, руралната, хорор, детската итн. епската фантастика опфаќа теми околу нечии херојски подвизи. Вториот роман „Три секунди“ пак е модернистичка љубовна приказна, која преку испреплетување на временската нарација, и создавајќи неколку наративни линии, доаѓа до некои клучни прашања, како: Дали постои судбина и дали ние сме креатори на таа судбина или таа ни е однапред определена…

Извор: Oпштина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …