Референдумот против отворање рудници има правна основа и е обврзувачки за Општина Гевгелија


Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, даде изјава по повод бранувањата во гевгелиската јавност, а после одржувањето на последната седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Имено, на таа седница се донесоа заклучоци во кои стои дека резултатите од референдумите општините може да ги достават до Министерство за економија, односно Владата, а  Владата на Р.М. има законска обврска да се произнесе за резултатите од референдумите  и да донесе соодветни одлуки за дополнителни концесии за истражувања и експлоатација на минерални суровини.

Градоначалникот Франгов потенцираше дека овие заклучоци се однесуваат на оние општини каде веќе се издадени концесии за експлоатација на минерални суровини. Ситуацијата со референдумот во Гевгелија е нешто поинаква, затоа што референдумот за или против отворање рудници на територијата на општината се одржа пред да дојде барање од Министерството за економија, општина Гевгелија да се произнесе околу  давањето мислење за концесија за експлоатација на минерални суровини. Затоа, резултатот од гевгелискиот референдум е обврзувачки за локалната самоуправа, и кога општината би добила барање за давање мислење околу издавање на концесија за експлоатација, таа изричито ќе даде негативно мислење.

Бидејќи  во некои општини веќе се издадени концесии за експлоатација, како што е примерот со општина Валандово, Советот за развој на Југоисточниот плански регион реши да побара став од Владата на РМ која треба да се произнесе по престојните или веќе одржаните референдуми. Референдумот во Гевгелија, заклучи Франгов, има правна основа и е  обврзувачки за општина Гевгелија.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …