Денот на Европа во Гевгелија ќе биде традиционална одбележан со свеченост која годинава ќе се одржи на 8 мај (петок) на платото пред народниот театар. Покрај богатата музичка програма, во која ќе настапат учениците од ООУ„Владо Кантарџиев“ и ООУ„Крсте Мисирков“ и учесниците на детскиот музички фестивал „Калинка“, на свеченоста ќе бидат претставени и четири земји-членки на ЕУ.
На посебно поставени штандови ќе бидат презентирани Германија. Литванија,Чешка и Словенија. Свеченоста започнува во 12 часот. Инаку, годинава ЕУ автобусот во општина Гевгелија ќе престојува на 19 мај, и тоа, во Негорци.