Скопска пивара донираше летниковец за Гевгеличани


Гевгеличани добија нов летниковец – донација од „Пивара Скопје“.

Ова ново место за дружење и за рекреација, каде што граѓаните на оваа општина ќе имаат можност да го поминуваат времето заедно и да го негуваат маалскиот живот, беше дочекано со задоволство.

Летниковецот во Гевгелија е најновата донација од  вкупно 15 летниковци, кои ќе бидат поставени во различни општини низ земјава, а која произлезе токму од духот на „Скопско“ пиво, кое со својата најнова кампања нè потсетува на пријателствата, маалските анегдоти и приказни и на сите други мали нешта што ни значат, нè зближуваат и нè радуваат.

Летниковец е поставен во непосредна близина на новиот Градски пазар.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …