Соба за инвидуален дефектолошки третман


На иницијатива на Националната алијанса за лица со посебни потреби, а во соработка со фондацијата АПОЛОНИЈА, Детската градинка „Цветови“ и Општина Гевгелија во Гевгелија се отвори соба за индивидуален дефектолошки третман.

Опремувањето на собата, санирањето и поголемиот дел од финансирање на стручно лице дефектолог, во времетраење од една година се обезбедени преку проектот „Дејвид ВанДерВег – социјализација на децата со посебно образовни потреби од Гевгелија“ кој го спроведува ФОНДАЦИЈАТА АПОЛОНИЈА.

Родителите на децата корисници, исто така, партиципираат со покривање на дел од трошоците за функционирањето на оваа соба, некои партиципираа и во опремувањето на собата. Дипломираниот дефектолог, Благородна Опрова, работи во оваа таканаречена окупациона соба со осум деца, се работи со секое дете индивидуално, три пати неделно.

Децата се на возраст од 3 до 13 години и се со различни наоди: аутизам, нарушување од аутистичен спектар, АДХД, церебрална парализа, Даунов синдром, алалија со комбинирани пречки. Во собата се работи на неколку подрачја: вештини од практичен живот, сензорен развој, телесни-моторни активности, базични математички вештини, фина моторика, Арт активности, базични јазични вештини и базични конгнитивни способности.

По петмесечно работење видлив е напредокот кај децата и усвојувањето на потребните вештини.  Со работењето на оваа соба се наметна потребата од отварање на соби со друг вид третмани, во процес на професионална ориентација професионално оспособување.

Еден вид центар-соба но и дополнителен стручен кадар, за сеопфатен третман и вклучување на поголем број деца на кои им е неопходна помош. Фондацијата „Аполонија“ заедно со Националната алијанса за лица со посебни потреби, започнаа активности за вклучување на релевантни јавни и приватни установи, институции, НВО, со цел успешно реализирање на овој проект, негово проширување и финансиска одржливост.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …