Социјализацијата на деца со посебни потреби дава резултати


Во Фондацијата „Аполонија“ во Гевгелија се оддржа средба на претставници на Националната Алијанса, родители, наставници и стручни лица со сопругата на амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, г-ѓа Вероника Гарет. Г-ѓа Гарет е мајка на дете со Даунов синдром.

Средбата беше од отворен карактер, така што родителите имаа можност да разговараат со г-ѓа Вероника, која притоа ги поздрави активностите за социјализацијата на деца со посебни потреби во општина Гевгелија.

Особено по посетата на на собата за индивидуален третман, како и на Дневниот центар за деца со посебни потреби, каде што корисниците изработуваа честитки од рециклирана хартија, кои претходно сами ја изготвија. Овој проект ги дава очекуваните резултаи и ја вбројува општина Гевгелија, како што забележа и гостинката Вероника Гарет, меѓу првите во земјата каде што пошироката заедница им посветува соодветно внимание да децата со посебни потреби.

Coat_of_arms_of_Gevgelija_Municipality.svg

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …