Со победа за крај на Прва Лига


Последното коло од Првата Македонска Лига екипата  на Кожув го заокружи со победа на гостувањето во Штип со резултат 67:92. Уште од самиот старт на натпреварот кошаркарите на КК Кожув го контролираа натпреварот, па на полувреме се замина со резултат 27:51. Кожув рутински го одработи продолжението од натпреварот и успеа да слави по деветти пат сезонава.

Двоцифрени во тимот на КК Кожув беа Филип Шепа и Драшко Албијанич постигнувајќи по 14 поени, Миладин Пековиќ уфрли 13 поени и Горан Главчев постигна 10 поени. Владимир Брчков надополни со 9 поени, Милан Јањушевиќ постигна 8 поени, Златко Гоцевски и Слободан Дунџерски постигнаа по 7 поени, Слободан Божовиќ постигна 6 поени и Ефтим Богоев додаде 4 поени.

Иако многу ценети новинари настапите на КК Кожув во Првата Македонска лига ги оценија како очајни, сепак вредно е за напомена дека КК Кожув има 9 победи во Првата Лига и заостанува само една победа од екипите чии настапи од истите ценети новинари се оценети како одлични.

Кожув нема време за одмор, веќе во сабота започува Супер Лигата каде КК Кожув во првото коло го пречекува МЗТ во салата “26 Aприл” во 19 часот.

*Веста е преземена од: официјалниот сајт на КК Кожув

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Панкс Бекјард Ултра по трет пат во Гевгелија

На патеката во Негорски Бањи кај Гевгелија во сабота 25 октомври ќе се одржи третата …