На денешен ден, на 25.01.1981, во Прилеп се роди македонската музичка легенда – Тоше Проески.
Денес, се прославуваат 35 години од неговото раѓање.
Момчето со ангелски глас од Крушево, чија желба беше светот да чуе за Македонија, да нема страв и солзи, да ги прегрне сите тажни лица и да ги состави сите скршени срца. Оној, кој, додека беше жив, во ниту еден момент не зажали за несебичната љубов што на сите нас ја потроши.
Среќен роденден ТОШЕ!