Стартува екстерното тестирање


Од утре до 10 јуни ќе се спроведува екстерното тестирање за учебната 2014/2015 година, кое  ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.

Екстерно тестирање ќе полагаат сите ученици  од четврто до деветто одделение во основните училишта во општина Гевгелија, како и сите ученици од прва до трета година во СОУ„Јосиф Јосифовски“. Според последните информации сите подготовки во училиштата се завршени, а екстерното тестирање ќе го надгледуваат и набљудувачи од општините и другите државни органи. Како што информираше Министерството за образование и наука минатата недела,  на интернет-страница е објавен базен со  вкупно 445.700 прашања на македонски, албански, турски и на српски јазик.

 За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови.

Така, за предмет застапен со еден час неделно генерирани се 100 прашања, за предмет со два часа неделно 200 прашања, за предмет застапен со три часа неделно 300 прашања.

На веб сајтот prasanjaeksterno.dic.edu.mk беа објавени распоредите за екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование. Учениците имаат можност да ги погледнат датумот и часот кога ќе бидат тестирани, а за наставните предмети ќе бидат информирани три дена пред датумот на полагањето.

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …