На 16 февруари 2025 година, околу 20:45 часот, на улицата „7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат Добло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 70-годишниот Ж.К., и мотоцикл „Хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот И.Ч., двајцата од Гевгелија. Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Гевгелија. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гевгелија.