Томица Главчев од Гевгелија ќе биде нов претседател на КФМ – неговиот избор се очекува идната недела


Гевгелискиот бизнисмен Томица Главчев ќе биде новиот претседател на КФМ – Кошаркарската федерација на Македонија, објавија дел од спортските портали. Неговиот избор се очекува да биде потврден идната недела на закажаното вонредно собрание на КФМ на 30 ти април на кое се очекува да му биде изгласана недоберба на актулениот претседател Перо Антиќ. Иако за оваа позиција се споменуваше името на Младен Ѓуроски, спортските портали пренесоа дека тоа ќе биде Томица Главчев од Гевгелија кој долго време инвестираше во мак кошарката

Главчев е сопственик на  текстилна компанија НОЕЛ. Освен по бизнисот во јавноста е препознатлив и по кошарката но и поддршката на младите во спортот. Беше претседател и инвеститор во КК Кожув.  Во 2015 се повлече од финансирањето на клубот. За кусо врее бизнисменот стартуваше со сопствена кошаркарска приказна – формирајќи го клубот Блокотехна заради што  Главчев неодамна изгради модерна спортска сала.

Блокотехна е клуб кој во 2019 година триумфира во Балканската лига (БИБЛ) најмногу благодарение на визијата и финансиите на Главчев и на неговата компанија.

Извор: ДРНКА

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Кико повторно на врвот на Европа – Христијан Илиоски ја обезбеди петтата BMU титула

стијан Илиоски – Кико е BMU европски шампион во MX1 за 2026 година. Македонскиот мотокрос …