УП за селата Моин, Милетково и Давидово


Во рамките на проектот: „Изработка на урбанистички планови за села во Југоисточниот плански регион за општините Ново Село, Босилово, Гевгелија и Дојран”, нови урбанистички планови ќе добијат селата Моин, Милетково и Давидово. Проектот го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој  во износ од 10.577.200 денари.

По спроведената јавна набавка за реализација на проектот, беше склучен договор за јавна набавка со економскиот оператор ДПТУ Иванов Инженеринг ДООЕЛ Битола, кој ќе ги работи урбанистичките планови..

Планскиот опфат за с.Милетково изнесува 50 хектари, за с.Моин е 80 хектари и за с. Давидово, во површина од 65 хектари. Советот на општина Гевгелија на последната седница донесе одлука за обезбедување на 395.539 денари, како сопствено учество во реализацијата на проектот.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …