Фудбалерите на Кожув не успееја да се пласираат во осминафиналето на Купот на Македонија, бидејќи загубија на домашен терен од актуелниот фудбалски шампион на Македонија, скопски Вардар,Вардар беше подобар тим на градскиот стадион во Гевгелија кој беше исполнет до последно место.
Во 33 минута фудбалер на Кожуф играше со рака и сосема оправдано беше досудена најстрога казана за Вардар која Дејан Блажевски ја претвори во гол со силен удар низ средината на голот.Голот на Блажевски беше доволен Вардар да забележи победа и пласман во осминафиналето на Купот на Македонија.
Вардарци на овој натпревар беа бодрени од учесниците на летниот камп кој Вардар го организира во Дојран. По завршување на натпреварот младите фудбалери се дружеа и фотографираа со целиот сениорски тим.