На 25 октомври (среда) на плоштадот во Гевгелија од 10 до 16 часот, група средношколци од Гевгелија, полни со ентузијазам, организираа ХУМАНИТАРЕН БАЗАР на кој се продаваа прехрамбени продукти со цел да им се помогне на Дневниот центар и Центарот Мајка Тереза.
За граѓаните, тие подготвија и едно прекрасно музичко шоу на кое со свои музички точки се претставија талентирани ученици од училиштата во Гевгелија. Учениците, организатори, изразија огромна благодарност до:
СОУ „Јосиф Јосифовски“, ООУ „Владо Кантарџиев“, ООУ „Крсте Мисирков”, Фондацијa Аполонија, Општина Гевгелија, Спектар КМ, Меџик, Tурист М, Бекарт, пекара ММ и www.gvglive.mk
Нивните донациски кутии може да се најдат и во кафулињата Monte Cristo, Casual, Piazza и Time Out.
Извор: Општина Гевгелија