Средношколска унија при СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија организира меч меѓу градските ривали КК БЛОКОТЕХНА и КК КОЖУФ. Средствата кои ќе бидат собрани за време на настанот ќе бидат донирани на нашите сограѓани на кои им е потребна помош. Ги повикуваме граѓаните на Општина Гевгелија масовно да присуствуваат на натпреварот!
Влезот е 50 денари, а ќе бидат поставени и кутии за донации.
Време на настанот: 25.11.2017 (сабота), 18:00.