Чувањето на кучињата – миленици согласно законот


Комуналната инспекциската служба при општина Гевгелија ги извести граѓаните на општина Гевгелија кои чуваат домашни миленици-кучиња дека истите треба  да бидат регистрирани во надлежната ветеринарна институција и редовно вакцинирани.

Сопственикот е должен, велат од службите, сместувањето и чувањето на кучињата да го уреди на начин што нема да пречи на мирот и спокојството на соседите. Сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места со истакната ознака-табличка на портата дека во дворот има куче.

Кучето може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзано со каиш. Забрането е оставање на фекални остатоци од домашните миленици на јавна површина. При шетањето на кучето, сопственикот е должен да ја исчисти површината од фекалните остатоци .

Непочитувањето на напред наведеното ќе биде санкционирано од комуналната инспекција при општина Гевгелија.

*Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …