Ѓорги Тошев или подобро познат како DJ Lichen


DJ Lichen или Ѓорги Тошев е младо и талентирано момче од Гевгелија кое ужива во тоа да ја забавува публиката низ гевгелиските кафулиња.

gvglive.mk: Како успешно успевате да менаџирате со своето образование и својата кариера. Бара ли тоа многу напор и откажувања?

Ѓорги: Најпрво здраво, би сакал да ве поздравам вас, и сите читатели на вашиот портал. Значи секоја работа си бара соодветен напор и труд, па така и мојата. Со образованието завршив пред некоја година, па така сега имам повеќе слободно време да се посветам на музиката која ми претставува како еден вид на хоби.

Инаку моментално по професија работам и како компјутерски техничар. Се трудам секогаш да бидам во можност да ги исполнувам сите барања и понуди, а откажувањата, кои се многу малку, се само од оправдани причини.

gvglive.mk: Дали на музиката гледате како хоби или како професија?

Ѓорги: Како што напоменав понагоре на музиката гледам како хоби, но не одрекувам дека и ми претставува и еден вид на професија. Сакам да кажам дека го работам тоа што го сакам и дека уживам во светот на музиката.

gvglive.mk: Кога почнавте да се занимавате со музика?

Ѓорги: Со музиката почнав да се занимавам уште во училишните денови каде што почнав да пуштам музика на разни забави кои се организираа по училиштата, па така сето тоа продолжи понатаму и ете, се уште сум во тие води и мислам дека сето тоа се должи на желбата за успех, на вложувањето во себе си, љубовта кон музиката и на упорноста.

gvglive.mk: Што мислите за ноќниот живот во Гевгелија? Дали младите знаат добро да се забавуваат?

Ѓорги: Тука морам малку да бидам и негативен. Да бидам искрен, не ми се допаѓа многу моменталниот ноќен живот во нашиот преубав град. Некако како да е згаснато се, го нема тоа дружење како од предходните години, сите како да испаѓаат на “сила” и едноставно згасна духот за незаборавните и луди забави кои се правеа тука неколку години порано. Младиве најмногу на турбо фолк се навлечени, што за мене тоа е лошо.

gvglive.mk: Дали мислите дека во Гевгелија може да се заработува од музика?

Ѓорги: Па со оглед на тоа дека имаме малку локали во кои пуштаме музика, не може да се заработува и живее од музиката.

gvglive.mk: Дали е потребно некој да ви помага во менаџирањето или сами се снаоѓате?

Ѓорги: Сега за сега не ми е потребно, сам си средувам аранжмани, сам преговарам за настапи, сепак мало место сме за да се ангажираат и менаџери.

gvglive.mk: Каква музика најмногу пушташ?

Ѓорги: Па “од се по нешто”, претежно се фокусирам на комерцијалната музика, за која исто така и сметам дека е најпосакувана кај поголемиот дел од публиката, а иста така понекогаш пуштам и хип хоп.

gvglive.mk: И за крај, дали настапувате само во Гевгелија, или и пошироко?

Ѓорги: Најмногу настапувам во кафе баровите и дискотеките низ Гевгелија, а понекогаш и во регионите наоколу. Да напоменам дека сум и како резидент DJ во Caffe Bar Piazza – место кое што е добро познато по најдобрите забави.

Му благодариме на Ѓорги Тошев ( Dj Lichen)  за краткото интервју за веб – порталот gvglive.mk и му посакуваме среќа во понатомошната работа.

[sc:lichen]

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Во Гевгелија, бројот на деца со говорна мана е сè поголем, не постои најдобро време за почнување со терапија

РАЗГОВОР СО АНЕТА КАРАПЕЕВА, СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЛОГОПЕД: Во Македонија, речиси една третина од децата на возраст …