IF

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија по повод 200 години од излегувањето од печат на книгата “Огледало” од македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ


 

По повод 200 години од излегувањето од печат на книгата “Огледало” од македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија организира јубилејно чествување со изложување на оригиналниот примерок на книгата која е во сопоственост на Библиотеката и е една од неколкуте оригинални зачувани примероци во Македонија.

Овој настан кој е дел од манифестацијата 130 години-град Гевгелија ќе се одржи во петок, 16 декември 2016 година во црквата „Свети Спас„ со почеток од 12 часот. Промотор ќе биде Димитар Пандов а во музичкиот дел ќе настапи  Градскиот хор “Гортинија” со византиска музика. Кирил Пејчиновиќ е роден  во село Теарце, Тетовско, а учел црковно училиште во манастирот Св. Пречиста Кичевска и Хиландар на Света Гора. Целото семејство било верски настроено, па татко му и чичко му го продале имотот во Теарце и заедно со Кирил отишле во Хиландар каде се закалуѓериле. Тие останале таму, а Кирил се вратил и работел во Марковиот манастир, близу Скопје. Тука го обновил оштетениот манастир и собирал стари текстови со што ја збогатил манастирската библиотека. Во Марковиот манастир Пејчиновиќ живеел дваесетина години. Отворил манастирско училиште и се истакнал како активен проповедник и просветител на населението. Тука ја напишал својата прва книга „Огледало“, печатена во Будим 1816 година.

1818 година дошол во родниот крај, во селото Лешок и го обновил манастирот Св. Атанасија. Во манастирските конаци отворил училиште, каде поучувал и млади и стари. И тука ја збогатил и уредил библиотеката. Во слободните часови пишувал. Освен „Огледало“, тој ги напишал и делата: „Утешение грешним“, „Житие кнеза Лазара“, како и „Епитафот“ кој е врежан на неговата надгробна плоча. Починал 1845 година и е погребан во дворот на Лешочкиот манастир (Св. Атанасија).

Огледало“ е требник, прирачна книга за свештениците која ја користеле при вршењето на црковните обреди. Содржи неколку молитви и прозни текстови за различни обреди и една голома проповед – „Слово за празниците“. Молитвите и црковните текстови се напишани на црковнословенски јазик, а „Словото“ на народен јазик – тетовски говор. Оригиналот на книгата „Огледало„ кој го поседува библиотеката „Гоце Делчев„ од Гевгелија е еден од петте сочувани оригинални примероци кои постојат.

Извор: Општина Гевгелија

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

18 години без Тоше – засекогаш ќе живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна …