IF

ЈПКД „Комуналец“ започна со санирање на ударните дупки во општината


Веднаш ставена во употреба опремата донирана од УНДП на ЈПКД „Комуналец„ која пред една недела беше донирана од страна на  постојаниот претставник на УНДП во земјата, Луиза Винтон.

 Новиот трактор со приколка и валјак во вредност од 40,000 американски долари  денеска започнаа да се користат за асфалтирање на ударните дупки во општината. Со ова општина Гевгелија нема да зависи од распишување тендери за вакви изведбени работи и чекање на изведувачите да си ја завршат работата. Тоа ќе го прави ЈПКД „Комуналец„ со ефикасно и брзо интервенирање таму каде што ќе се укаже потреба.Опремата главно ќе се користи во руралните средини каде што нема пристапни патишта со цел да одговори на зголемената потреба од отстранување на отпад, како и да помогне во поправката на локалните патишта кои беа оштетени како резултат на зголемениот број на мигранти.

 Извор:

90px-Coat_of_arms_of_Gevgelija_Municipality.svg

Коментар

Коментар

Проверете го и ова

Прва новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија

Во неделата успешно се одржа првата Новогодишна забава за миленичиња во Гевгелија, организирана од  ветеринарната …